17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

По 30.000 денари за секое семејство: Државата ќе враќа ДДВ назад кај граѓаните

Владата на Зоран Заев во следниот период се очекува да ја активира новата мерка со која 15 проценти од платениот ДДВ, ќе го враќа на граѓаните.

Еден од начините како да се вратат парите кон граѓаните е преку враќање на 15 % од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки.

На посебна картичка ќе се регистрираат парите од вратениот данок.

Таква картичка ќе има секој граѓанин.

За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните.

Па така според пресметките би дошла една одлична сума од околу 30-тина илјади денари просечно за секое семејство во Македонија.

Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.

Премиерот Зоран Заев на вчерашната прес конференција начелно го најави овој Закон дека ќе биде донесен уште во 2019-та година.

Меѓу другото премиерот најави дека Во 2019 година повторно ќе биде покачена минималната плата, за да се поттикне уште една спирала за дополнителен раст кај сите плати во државата.

Дека за Владата битно е значењето и почитувањето на паролата “Зборот е збор”, доказ се евтина тарифа на струјата, укината радио-дифузна такса, помалите казни, опомените пред казни, отписот на долгови, укинатите извршителски трошоци, зголемената социјална помош за 300%.