20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Утре снег, од вторник променливо време со сончеви периоди

Утре во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет кои ќе бидат поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините, јави УХМР.

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.

Инаку, времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и значително постудено време. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од минус 4 до 3 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде околу 1 степен.

УХМР јави дека висината на снежната покривика е најголема во Маврови Анови кадешто изнесува 81 сантиметр.

„Снежната покривика во 7 часот изразена во сантиметри, највисока е во Маврови Анови
81, потоа 45 во Пожаране, 44 Дебар и Лазарополе, 39 во Крушево, Попова Шапка, 38 Тетово, 31 Охрид, 32 Тополчани, 30 Битола, 27 Ѓуриште, 20 Претор, 13 Прилеп, 12 Скопје-З.Рид, 10 во Штип и Куманово, 9 Струмица и Берово, 8 во Крива Паланка и Демир Капија, 6 во Скопје Петровец и Гевгелија“, соопшти УХМР.

Спонзорирано: