Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Илустрациј
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снегот прави проблеми низ Македонија: Воведена забрана на Буково и Ѓавато

Поради интензивни снежни врнежи, воведена е забрана за движење на камиони и на планинските превои Буково и Ѓавато.

„Од 13:20 часот се воведе забрана на патот Ресен – Битола на планинскиот превој Буково, а од 12:40 часот и на патот Битола – Ресен на планинскиот превој Ѓавато“, соопшти АМСМ.

Забрана за движење камиони, поради снежни врнежи, утринава беше воведена и на патниот правец крак Маврово-Дебар, како и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на Стража.