15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопје: Заталкан куршум погоди жена додека била дома за новогодишната ноќ

Триесет и шестгодишна скопјанка се здобила со повреди од заталкан куршум кој ја погодил додека седела дома. Инцидентот се случил на улица Македонско косовска бригада во Чаир.

Според информациите на МВР, вчера околу 20 часот додека А.Д.(36) седела во својот дом, од заталкан куршум кој поминал низ покривот се здобила со повреди. Жената била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.