23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нападот на железничката станица во Манчестер е терористички чин

Полицијата во Манчестер соопшти дека нападот со нож на железничката станица во кој се повредени три лица е терористички чин.

Локалните власти соопштија дека двајца од тројцата повредени се здобиле со сериозни повреди и дека се на лекување во болница. Полицијата не го соопштила идентитетот на напаѓачот кој бил приведен набргу по нападот кој се случил доцна синоќа, на новогодишната ноќ.

Очевидци рекле дека напаѓачот извикувал „Алах акбар“ и дека при апсењето рекол дека сè додека Велика Британија бомбардира други земји ќе се случуваат вакви напади.

Премиерката Тереза Меј упати порака со поддршка до повредените.