23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мирна новогодишна ноќ во Македонија

Новогодишната прослава во Македонија помина мирно, без поголеми инциденти, оцени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој утрово ја посети полициската станица на граничниот премин Богородица.

„Состојбата во текот на новогодишната прослава може да се окарактеризира како мирна и стабилна од аспект на безбедноста, така што генерално министерството за внатрешни работи може да биде задоволно од она што е сработено во текот на ноќта, но и претходно во деновите пред празниците, особено во делот на превенцијата“, рече тој.

Министерот Спасовски во свое име и во име на раководството на министерството им ја честита новата 2019 година на сите вработени во МВР, но и на сите граѓани со желба и надеж дека годинава пред нас ќе ни биде далеку поуспешна на сите полиња, приватно и професионално.