Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон најави продолжување на реформите и покрај протестите во земјата

Францускиот претседател Емануел Макрон го искористи традиционалниот новогодишен говор за да упати предупредување до екстремните анти-владините демонстранти дека ќе продолжи понатаму се реформите кои се предвидени уште на почетокот на неговиот мандат.

Тој вети дека ќе го сочува редот во државата и дека ќе ги осуди, како што ги нарече, самоназначените портпароли за омраза. Вети поголема помош за невработените, како и за пензионерите. Напорите за јакнење на меѓународната контрола на имиграцијата и затајувањето на данокот ќе бидат во центарот на вниманието на ЕУ, кои тој планира да ги објави наредните недели.

Најмалку шест лица загинаа, а околу 1.400 беа повредени во протестите поради зголемување на данокот на горивото.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Германија мора да има поголема меѓународна улога во 2019 година.