17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг Ун се закани со промена на правецот за денуклеаризацијата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун рече дека е посветен на денуклеаризацијата, но предупреди дека ќе го промени курсот доколку САД продолжат со санкциите, објави Би-би-си.

Тој нагласи дека е подготвен да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп и да разговара за денуклеаризацијата, но истовремено се закани дека ќе бара алтернативен правец ако САД продолжат да го тестираат неговото трпение.

Ова го рече во неговото новогодишно обраќање, кое го пренесе државната телевизија „Јонхап“.
Минатогодишниот говор ја стави земјата на досега невиден пат на меѓународната дипломатија со Јужна Кореја и САД.

Ким и Трамп се сретнаа и разговараа за денуклеаризација во јуни 2018 година, но со неколку резултати досега. Минатогодишното приближување дојде по турбулентната 2017 година, која беше одбележана со тестирање на проектили на Северна Кореја, кои би можеле да достигнат до американското копно и ескалација на реториката меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, во која двете страни разменија навреди и закани.

Спонзорирано: