14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На Тајван за време на празниците исчезнале над 150 виетнамски туристи

На Тајванза време на празниците исчезнале 152 виетнамски туристи, а локалните медиуми пренесуваат дека е можно тие да дошле со цел да работат илегално.

Тајванските власти, заради подобрување на туристичките услуги, го укинаа наплаќањето на визите за посетителите од некои азиски земји, вклучувајќи го и Виетнам, пишува Би-би-си.

Тоа е, како што се верува, најголем број исчезнати туристи од почетокот на визната програма во 2015 година.

Националната имиграциска агенција соопшти дека формирала работна група заради истрага.

Доколку бидат пронајдени, на туристите им се заканува депортирање и забрана за влез на островот од три до пет години.

Спонзорирано: