19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери подели новогодишни пакетчиња

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им подели новогодишни пакетчиња на децата од посебното основно училиште „Иднина“ и на болните деца во Универзитетската клиника за детски болести, оддел онкологија, соопшти собраниската прес-служба.

„Сите ние патешествието наречено живот сме го почнале со желби и сништа, некои ни се оствариле, некои чекаме да ни се остварат, некои можеби нема, меѓутоа, на сите вас ви пожелувам вашиот животен пат да биде преполн со прекрасни изненадувања проследени со добро здравје, прекрасни насмевки и топли прегратки, Вие тоа го заслужувате! Ви посакувам среќна Нова година!“, порача Џафери.

Спонзорирано: