3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Птици предозирани со таблети во калифорниски парк

Две птици закрепнуваат во Центарот за лекување диви животни откако се предозираа со таблети фрлени во парк во Хантингтон Бич, изјавија официјални лица.

Локалните власти велат дека минатата недела човекот открил стотици таблети во тревата во паркот Кар. Откако ја видел гуската во неволја, тој ја повикал службата за заштита на животните.

Канадска гуска и галеб завршија на интензивна нега во центарот Wetlands & Wildlife. Галебот беше донесен во центарот на 17 декември, а гуската следниот ден.

„Тие имаат симптоми на предозирање”, изјави управителката на центарот, Лиза Перон. Симптомите вклучуваат губење на контролата на мускулите и невролошки проблеми, додаде Перон.

„Нема јасни причини зошто таблетите беа расфрлани околу паркот”, рече Перон. „Двете птици одлично закрепнуваат.“

Гуската ќе биде отпуштена в среда, додека галебот, кој неодамна почна да лета повторно, ќе биде повторно прегледан в среда.

Полицијата вели дека таблетите биле комбинација од седативи и други лекови и дека истрагата е во тек.

Спонзорирано: