3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Австријците за Божик подариле 963 милиони евра во готовина

За овогодишната прослава на Божик Австријците најмногу си подарувале пари, така што речиси секој втор добил паричен подарок.

Паричните подароци биле со просечна висина од 256 евра, покажуваат истражувањата.

Истражувањето на порталот durhbliker.at покажува дека под елките ширум Австрија како подарок биле оставени околу 963 милиони евра во готовина.

Тројца од четворица Австријци подарените евра веднаш ги потрошиле, а помал број се решиле да ги штедат.

Според истражувањето, паричните дарови се почести кај постарите луѓе отколку кај помладите.

„На Божик имаме значителен трансфер на пари од постарата кон помладата генерација. Сепак, најголем дел од овие пари веднаш го наоѓаат својот пат до продавниците“, појаснил директорот на порталот што го вршел истражувањето.

На второто место за најподарувани подароци се ваучери за продавници, потоа бонови за активности или патувања, па книги, филмови, игри итн.