18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турски авиони за еден ден повеќе од 100 пати го повредиле грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони во текот на вчерашниот ден повеќе од 100 пати навлегле во воздушниот простор на Грција, објавија грчките медиуми повикувајќи се на информации од грчкиот Генералштаб.

Според истите извори на кои се повикуваат грчките медиуми, 35 турски воени авиони од моделите „Ф-16“ и „Ф-14“ повеќе од 100 пати го нарушиле грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и во југоисточниот дел на Егејското Море.

Инцидентот со турските воени авиони се очекува да биде и тема на состанокот на Советот за надворешна политика на Грција, на кој присуствуваат претставници на грчките партии.

Спонзорирано: