23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциско: Црквата никогаш повеќе нема да прикрива сексуално вознемирување

Папата Франциско вети дека Католичката црква повеќе никогаш нема да прикрива случаи на сексуално вознемирување и побара од свештениците што силувале и малтретирале деца сами да се пријават.

Папата своето божикно обраќање пред ватиканската бирократија го посвети на сексуалното вознемирување, што е доказ дека сите откритија што оваа година излегоа во јавност ја потресоа неговата служба и доведоа до криза на довербата во католичката хиерархија. Тој признава дека црквата во минатото сериозно не се занимавала со тие проблеми, но вети дека во иднина никогаш нема да ги прикрива или да ги отфрла случаите и дека ќе направи сè што може за педофилите да се соочат со правдата.

Папата ги предупреди злосторниците. „Сменете се и предајте му се на човечкото правосудство и спремете се за божја правда“, наведе папата.

Спонзорирано: