18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ѓорѓиевски за пукањето во Чаир: Од каде толку оружје во Скопје?

Не поминува месец без вооружена пресметка на улиците во Скопје. Градот стана целосно небезбеден, а Спасовски ги крие срамните статистики за ниската реализација на полицијата на која ѝ ги врзаа рацете..

Вчера, 15 минути пред 18 часот, од огнено оружје среде Скопје, на фреквентна локација во општина Чаир, е рането едно лице, кое со повреди е пренесено во Градската општа болница. Од каде толку оружје и од каде толкава сигурност на бандитите во главниот град за да може да пукаат кога сакаат и каде сакаат?, прашува Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„Дали се ова истите оние што ја прославуваа изборната победа во Чаир со истрели од ‘калашникови’, а Спасовски се правеше дека не ги гледа и не презеде ништо? Дали се ова групите за кои заменик-министерот Агим Нухиу рече дека биле подготвени со оружје да влезат на 27 април во Собранието, а Спасовски повторно се правеше дека не ги видел?“, праша тој.

Спасовски и СДСМ, додава Ѓорѓиевски, ја зацрнија полицијата коалицирајќи со криминалот.

„Жртва може да биде секој недолжен минувач, наше дете, брат, сестра, родител или комшија. МВР под раководство на Спасовски не може да си ја исполни својата основна должност, а тоа е зачувување на јавниот ред и мир. Граѓаните веќе две години се во константен грч. Убиствата, пукањата, запалените автомобили и грабежите станаа наше секојдневие. Родителите се исплашени да ги пуштат своите деца на улица, повозрасните не смеат да излезат до продавница бидејќи се плашат дека некој ќе ги ограби, а сето ова е последица на криминалната политика на власта, која пушти над 800 криминалци од затворите на улиците“, вели Ѓорѓиевски.

Спонзорирано: