18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството почна истрага за зголемените плати на членовите на Судскиот совет

Oсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет поради одлуките на Судскиот совет за исплата на дотатоци на нивните плати, кои не се пропишани со Законот за платите на членовите на Судскиот совет.

„Со донесените одлуки за членовите на Судскиот совет на Република Македонија се определува да се исплатат додатоци на плата во висина од 35 проценти од основната плата“, велат од Обвинителството и додаваат дека ќе ја испитаат основаноста на одлуките за исплата на додатоците.

Надлежниот јавен обвинител, како што посочочуваат, истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластувањето и нанесената штета врз буџетот на Република Македонија со исплатата.

Спонзорирано: