23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството на Монако постапи по барањето за меѓународна правна помош од македонското Oбвинителство

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека добило официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Македонија.

На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството на Кнежевството Монако, ќе му биде испратена целокупната документација која е поврзана со предметот што се истражува во Македонија.

Во исто време, Oбвинителството од Монако потврди дека судија претседавач на судот во прва инстанца на Кнежевството Монако постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарска сметка, соопштија од ОЈО.

„Имено, во рамките на постапката во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, беше утврдено дека правното лице концесионер на центрите за дијализа е отуѓено.

Финансиските средства од продажбата во износ од 8.281.000 евра беа префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, а 3.275.000 евра се замрзнати на сметки во банки во Република Македонија“, стои во соопштението на ОЈО.

Спонзорирано: