18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Реновирана полициската станица во Кичево

Министерот Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска ја посетија реновираната полициска станица во Кичево, објект што е реновиран со средства од Министерството со цел обезбедување подобри услови за работа за полициските службеници. Во овој објект инвестирани се 3.300.000 денари, а беше направена замена на врати и дрвени прозорци со нови ПВЦ, интервенирано е на фасадата, а извршени се и други молерски и бојосувачки работи.

„Од втората половина на 2017 година, заклучно со денес, реконструиравме или саниравме 18 објекти, а само годинава таа бројка изнесува 11 објекти за што беа издвоени околу 25 милиони денари. Притоа сите тие активности ги финансиравме од сопствени средства, односно од средства од буџетот на Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници постојано во текот на оваа година добиваат нови униформи, ги реновираме објектите за да обезбедиме соодветни услови за работа, а од овој месец им ја зголемивме и платата на полициските службеници“, рече Спасовски.

Тој нагласи дека нема да застанат со работите, туку продолжуваат и во текот на наредната година за кога се планираат нови 70 милиони денари за реновирање и реконструкција на објекти. Во 2019 година се планираат активности за обновување на објектите на полициските станици во Дебар, Кочани, Крива Паланка, Виница и многу други…

„Планираме интензивирање на активностите во делот на програмите за полициска обука, едукација и специјализација, ново зголемување на платите на вработените во МВР“, додаде Спасовски.

Министерот Спасовски имаше работна средба и со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.

Спонзорирано: