24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: САД ја повлекуваат војската од Авганистан секоја година, и тоа веќе 17 години

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на своето годишно обраќање, меѓу другото, ја коментира и ситуацијата со повелкувањето на војската на САД од Сирија. Тој рече дека не се забележува повлекување на американските сили од Сирија.

Не знам за што станува збор. САД се повлекуваат од Авганистан секоја година – веќе 17 години. Засега не се забележува повлекување на силите, рече Путин на годишната прес-конференција.

„Дали има потреба од присуство на американската војска таму? Не, нема, тоа таму е нелегитимно“, рече Путин. „Ако одлучат да се повлечат, тоа е добро“, заклучи тој додавајќи: „Се согласувам со Трамп дека Исламската држава е поразена во Сирија, но постои опасност од терористички напад во соседните региони“.

Путин се согласи со Трамп дека САД го дадоа својот придонес за победата над терористите и потсети дека Русија исто така бомбардирала милитанти.

Според него, постои опасност терористите да одат во Авганистан и во други земји. Постои опасност за Русија, Европа и земјите од централна Азија, рече Путин.