Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Починатата жена само сакаше да премине пешачки, но ја згази камион

Камион прегази жена во Гостивар. Несреќата се случила на булеварот „Браќа Гиновски“, а според првичните сознанија на гостиварското обвинителство, жената поминувала на пешачки премин.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи врши увид на лице место каде денес околу 13.30 часот се случи сообраќајна несреќа. Според првичните сознанија товарно моторно возило удрило во жена на возраст од 65 години, која поминувала на пешачки премин. При тоа на сега починатата ѝ се причинети повреди кои имале смртна последица“, соопштија од Обвинителството.

Јавниот обвинител наредил обезбедување и прибирање на траги од местото на несреќата. Наредено е и вршење на сообраќајно техничко вештачење и обдукција на жртвата. Од Обвинителството соопштија дека се обезбедени видео записи од околните камери.

Возачот се наоѓа во полициска станица и се преземаат дејствија за утврдување на околностите кои довеле до несреќата.

Спонзорирано: