14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Плетенка со суво грозје: Вкусно тесто меко како душа

Иако можеби делува комплицирано, овој десерт се подготвува многу едноставно.

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 3 жолчки
  • 1/2 лажичка сол
  • 20 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 дл млеко
  • 1,5 – 2 дл млеко
  • 1 жолчка за премачкување

Состојки за фил:

  • 2 лажици маст
  • 3 лажици шеќер
  • 50 гр суво грозје

Начин на подготовка:

Во 1 дл млеко со шеќер потопете го квасецот и оставете го да кисне. Во чинија ставете брашно, жолчки, сол, скиснат квасец и млако млеко и со раце замесете средно меко тесто. Поделете го на три дела.

Секој дел по малку развлечете го со сукало. Измешајте маст и шеќер, па со тоа премачкајте го тестото. Оставете да одмори 15 минути. Потоа посипете со суво грозје. Свиткајте во ролат. Потоа засечете го на две места.

Благо свиткајте во плетенка. Ставете во плех. Оставете да отстои 1 час. Премачкајте со жолчка. Печете на 200 степени додека не порумени, околу 15 минути.

Уживајте!