11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Српски медиуми: Возачот на автобусот што се преврте кај Лесковац возел со 100 километри на час

Возачот на автобусот што се преврте во Лесковац при што загинаа тројца македонски државјани е приведен, објавија српските медиуми. „Курир.рс“, повикувајќи се на свои извори, пренесе дека наводно тој возел со брзина од 98 километри на час за време на кобната несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата.

Српски „Курир“ пишува дека возачот на автобусот кој возел од Прилеп до Виена одеднаш изгубил контрола, излетал од патот и се превртел, а според неофицијални информации, постојат сомненија дека возел со неприлагодена брзина.

„Возачот на автобусот по лизгав коловоз, поради снегот, наводно возел со брзина од 98 километри на час. Наводно, возачот во еден момент и заспал на воланот. Сепак, треба да се почекаат резултатите од истрагата со сигурност да може да се тврди што ја предизвикало несреќата“, рекол изворот за „Курир“.