Од премиерата на филмот „Скарфејс“ поминаа 35 години, а репликите од ова популарно остварување на режисерот Брајан де Палма се цитираат и ден-денес. Главната улога во ова остварување, покрај Ал Пачино, ја играше Мишел Фајфер, која го толкуваше ликот на убавата Елвира Хенкок.
Мишел тогаш имаше 25 години.
Фајфер сега има 60 години и сè уште е убава. Познатата актерка заблеска на премиерата на Марвеловиот блокбастер Ant-Man And The Wasp што се одржа кон крајот од јуни оваа година.
Фајфер цело време беше насмеана, и многумина уживаа во нејзината убавина.