11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Презедовме мерки да го расчистиме случајот со бришење снимки од камерите, се огласи кривичниот суд

Кривичниот суд во Скопје се огласи со соопштение за настанот од минатата недела кога полицајци по налог на обвинителката Ивана Трајчева бришеа снимки од камерите на снимателите.

„Ве информираме дека Основниот суд Скопје 1 – Скопје во целост е посветен на транспарентноста и професионалната соработка со медиумите во Р Македонија и во ниту еден момент нема да отстапи од овие заложби. Затоа во целост ја разбираме вашата реакција за последниот настан од 13.12.2018 година. Но, за волја на вистината, потребно е да напоменеме дека за настанот судот беше дополнително известен, па затоа и не можевме навреме да реагираме“.

„Уште следниот ден на новинарите им беше објаснето дека станува збор за недоразбирање за кое судот не бил информиран и веднаш беа преземени мерки за расчистување на случајот, а на главната расправа по конкретниот предмет, уште следниот ден на снимателите и фоторопортерите им беше дозволено неограничено снимање на стартот од расправата“, се додава во соопштението.

Во соопштението пишува дека Основниот суд Скопје 1 – Скопје останува во духот на транспарентна и отворена соработка со медиумите како претставници на јавноста на судските процеси. Од судот посочија дека за евентуални следни попречувања или проблеми кои претставниците на медиумите може да ги имаат, веднаш да го известат судот.