5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Шестмина несовесни возачи во Центар паркирале на места за лица со посебни потреби

Пајак-службата на „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) минатата недела отстрани 184 непрописно паркирани возила на територијата на општината, информираат од ова јавно претпријатие.

Притоа, нагласуваат дека шест несовесно паркирани автомобили биле затекнати на паркинг-места наменети за лица со посебни потреби.

Како што се наведува во соопштението, во периодот од 10 до 15 декември годинава, со помош на трите специјални возила „пајак“ на подрачјето на општина Центар отстранети биле 184 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.