10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На градоначалникот му се слошило среде состанок – на пролет ќе се бира нов

Во Охрид денеска е ден на жалост по ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски (48), професор на Факултетот за туризам и угостителство во неговиот роден град.

Тој почина во саботата претпладне, во возило на Итната медицинска помош, на пат кон Центарот за кардиоваскуларни болести, откако му се слошило на состанок со директорите на општинските јавни претпријатија.

Според информациите, причина за смртта е срцев удар, пишува Независен.

Стојановски денеска ќе биде погребан.

Согласно досегашните практики во општините каде имало ваков случај, сега ќе се избере В.Д. градоначалник, а нов ќе се избира за време на претседателските избори кои треба да се оддржат на пролет.

Спонзорирано: