11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски им ги додели сертификатите на учесничките од четвртата генерација на Школата за женски активизам

– Со огромно задоволство им ги доделив сертификатите на учесничките од четвртата генерација на Школата за женски активизам.

Жените во општеството се движечка сила, активен чинител и предводник на промените.
Улогата на жените во партијата е од огромно значење и затоа ги поддржуваме нивните идеи, активности и заложби, порача Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ.

– Како генерален секретар, се заложувам за поголемо учество на жените во органите на партијата и поддржувам нивна поголема застапеност на одлучувачки позиции.

Школата за женски активизам нека биде еден од чекорите на патот до успехот и мотив за поголем придонес во општествено-политичките процеси.

Сплотени и единствени, ја продолжуваме мисијата на Школата за женски активизам и го трасираме патот на жените во политиката, рече Кирацовски.

Фотографија на Aleksandar Kiracovski.

Фотографија на Aleksandar Kiracovski.

Спонзорирано: