Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Груевски со лоша среќа за Орбан: Унгарците се кренаа на масовни демонстрации, првичните информации говорат за судир со полицијата

Демонстрантите се судрија со полицијата во унгарскиот главен град Будимпешта во текот на ноќта за време на протестите против новиот закон кој тие го нарекуваат „робовски“ поради тоа што им дозволува на работодавачите да бараат од своите вработени да работат и до 400 часа прекувремена работа годишно.

Досегагашниот закон дозволуваше 250 часа прекувремена работа, односно за некои работиници промената може да значи дополнителни осум часа неделно.

Синдикатите исто така ги разлути и амандманот со кој на работодавачите им се дозволува да го одложат плаќањето на дополнителните часови до три години, што е за две повеќе од претходно.

Законот беше донесен во парламентот од страна на владејачката партија Фидез на премиерот Виктор Орбан благодарение на нивното мнозинство. Пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат гласањето, а некои од нив држеа и транспаренти со зборовите: „Година на робовите“.

Според Орбан, целта на овој закон е да им се помогне на семејствата.

Пред зградата на парламентот беа поставени стотици полицајци кои се судрија со демонстрантите кои извикуваа „предавници, предавници“ и „Орбан, оди по ѓаволите“.

Некои луѓе исто така беа разгневени и од новиот закон кој беше донесен истиот ден а со кој ќе се формираат судови кои ќе бидат под директна надлежност на министерот за правда. Судовите ќе се занимаваат со случаи поврзани со владини прашања, како што се оданочувањето и изборите, кои во моментов се дел од главниот правен систем.

Спонзорирано: