7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полициско возило учествувало во сообраќајка – има повредени

Четириесет и шестгодишен кумановец е повреден во сообраќајна несреќа во која учествувало и возило на МВР. Како што информира полицијата, вчера околу 19:30 часот во Куманово, на крстосницата од улиците 11 Октомври и Димитрие Туцовиќ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „шкода јети“, сопственост на МВР, а управувано од А.А.(38) од Куманово, и возило „фолксваген поло“, управувано од Л.Б.(46) од Куманово.

Притоа Л.Б. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Спонзорирано: