23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на мигранти што влегле во Шпанија годинава двојно зголемен

Европската агенција за гранична и погранична контрола објави дека бројот на мигранти што влегле во Шпанија преку Средоземното Море до сега е двојно зголемен.

„Фронтекс“ соопшти дека речиси 53.000 нелегални мигранти притстигнале во Шпанија за 11 месеци во 2018 година. Повеќето од нив се од Мароко, Гвинеја и Малија, пренесува АП. „Фронтекс“ наведува дека бројот на луѓе кои се обидуваат да стигнат до европските брегови преку Средоземното Море оваа година бележи пад бидејќи сè помалку луѓе ја напуштаат Либија.

Европската агенција за гранична и погранична заштита соопшти дека околу 138.000 луѓе пристигнале во Европа до ноември, што е за споредба со истиот период од претходната година пад од околу 30 проценти.