18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Кавадарчанец тешко повреден при лов

Кавадарчанец бил тешко повреден при лов, по што итно е пренесен на лекување во Скопје. Според полицијата, вчера околу 10:30 часот е пријавено дека во село Команичево, Кавадаречко, на место викано Врапче, при лов, М.Ц.(68) од Кавадарци се 
здобил со прострелна рана во левата плешка, нанесена, според пријавеното, од страна на друг ловџија И.Ј. (27).

На М.Ц. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кавадарци, каде што му била констатитана тешка телесна повреда, по што бил упатен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.