17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Усвоен акциски план на Националната стратегија за сајбер-безбедност

На денешната владина седница беше усвоена информацијата за акциски план на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2018-2022 година. Целта на овој акциски план е да ги дефинира чекорите за успешна имплементација на првата Национална стратегија за сајбер-безбедност на Република Македонија 2018-2022.

Оттука, Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација до крајот на годинава да достави измена и дополна на одлуката за формирање на Националниот совет за информатичко-компјутерска технологија за проширување на надлежноста, а со цел да ги опфати и надлежностите на Националниот совет за сајбер-безбедност, како и да донесе решение за формирање работна група во која ќе членуваат претставниците од работната група, која ги подготвуваше стратешките документи од областа на сајбер-безбедноста.