14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Oружјето од Балканот е закана за европската безбедност, вели шефот на француската дипломатија

Милиони парчиња лесно оружје што циркулираат на Балканот претставуваат голема закана за европската безбедност, изјави шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дријан, и додаде дека за време на нападите во 2015 година во Франција биле користени, меѓу другото, шверцувани пушки, српска верзија на рускиот „калашников“.

Ова оружје претставува голема закана за европската безбедност, рече Ле Дријан на заедничка прес-конференција со германскиот колега Хајко Мас и додаде дека ситуацијата е неприфатлива бидејќи терористи и криминалци продолжуваат да убиваат луѓе во цела Европа.

„Европската полициска служба (Европол) оценува дека меѓу три и шест милиони парчиња огнено оружје моментно циркулираат во земјите од Западен Балкан. Тоа е огромна бројка“, изјави францускиот министер алудирајќи на Хрватска, БиХ, Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Според неговите зборови, оружјето од ова подрачје во повеќето случаи го користат криминалните и терористичките мрежи.