25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Караџиќ бара да биде пуштен на слобода до правосилноста на пресудата

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, побара од судот во Хаг да го пушти привремено на слобода до изрекување на правосилната пресуда. На расправата Караџиќ како причина го навел тоа што изрекувањето на пресудата, кое било планирано за овој месец, е одложено поради промени во советот за жалби.

Судијата Теодор Мерон сам себеси се иззема од постапката по барањето на одбраната на Караџиќ и го замени судијата Иво Роса. Одбраната на Караџиќ побара поради таа промена, советот за жалби да почне од почеток со разгледувањето на предметот, кој влезе во завршна фаза.

Хашкиот трибунал неправосилно го осуди Караџиќ на 40 години затвор поради геноцидот во Сребреница, прогонот на Бошњаците и Хрватите во БиХ, за терор врз населението во Сараево со долготрајно гранатирање и за киднапирање припадници на УНПРОФОР.