10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тереза Меј на средба со Ангела Меркел ќе се разговара за брегзитот

Германската канцеларка ќе се сретне со премиерката на Британија в четврток во Берлин, каде што ќе дискутираат за актуелните настани за брегзитот, велат од кабинетот на Меркел.

„По барање на Британија канцеларката Ангела Меркел ќе одржи средба со британската премиерка Тереза Меј в четврток во 13 часот,“ соопшти портпаролот Штефан Зајберт.

В понеделникот Меј најави дека гласањето за брегзитот во парламентот ќе биде одложено и додаде дека договорот би бил отфрлен со голема разлика.

Сепак, Европската Унија вели дека повторните преговори не се возможни, но дека ќе може да се разгледаат плановите во случај на отфрлање на договорот.

„Нема да преговараме за нов договор, но спремни сме да разговараме за тоа како да се олесни ратификацијата“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Со оглед на тоа што времето е кусо, спремни сме и на сценарио без договор“, додаде Туск.

Лидерите од ЕУ ќе се сретнат во Брисел на дводневен самит, каде што ќе се дискутира за брегзитот.

Спонзорирано: