9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Црните лампиони најдобро прилегаат во кабинетот на Мицкоски

Опседнат со црнила, Христијан Мицкоски им наметнува црнила и на младите од подмладокот од неговата ВМРО-ДПМНЕ. Подмладокот на Мицкоски ја погрешил адресата, црните лампиони треба да ги закачат во скапоцениот дворец на најбогатата партија во Европа и токму во неговиот кабинет, на Мицкоски, бидејќи таму најдобро прилегаат. Тоа е адресата за сите 11-годишни црнила во кои беше завиена државата, црнила што беа силно поразени од граѓаните, соопшти СДСМ.

Според партијата, најголемото црнило беше 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога младите беа целосно заборавени, маргинализирани и игнорирани. А во тоа црнило светлина единствено гледаше раководството на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник на Груевски, Христијан Мицкоски, кога впрочем и ги добил бизнисите со хидроцентралите.

,,За разлика од таквиот однос на антинародната ВМРО-ДПМНЕ, денес, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со младите и гради квалитетни младински политики. Гаранцијата за младите, зголемените средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци се само дел од мерките преземени во интерес на младите“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: