11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Меркел: Не постои можност за промена на договорот за брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со британската премиерка, Тереза Меј, во Берлин оцени дека не постои можност за промена на договорот постигнат меѓу Брисел и Лондон за излегување на Велика Британија од Европската Унија (брегзит).

Меркел ова го изјави на состанокот со пратениците по разговорот со Меј, која дојде во Германија за да добие отстапки за условите на повлекување на нејзината земја од ЕУ.

Британската премиерка го откажа за денеска предвиденото гласање за нацрт-договорот за брегзитот во британскиот Парламент поради несогласување со пратениците што се закануваат дека ќе гласаат против документот кој ќе го отвори патот за збогување на Лондон и Брисел без договор.

Меј ќе се сретне во Брисел и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој вчера изјави дека нема да има повторни преговори со Лондон.

Спонзорирано: