8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ контра Мицкоски: Сите парцели во Сачево се продадени

Лицемерна и лажна е грижата на антинародниот пион Христијан Мицкоски за тоа како живеат граѓаните на Струмица. Особено затоа што токму неговата ВМРО-ДПМНЕ и неговиот ментор Никола Груевски 11 години не само што не вложија ниту еден денар туку дополнително ја опструираа работата на локалната власт, фирмите беа под постојат притисок и казни, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, на Мицкоски во тоа време не му беше важно што Струмица и граѓаните на оваа општина 11 години беа заборавени од централната власт на ВМРО-ДПМНЕ, единствено го интересира бизнисот со хидроцентралите што го доби од својот ментор Груевски.

,,Мицкоски продолжува да шири лажни вести секаде каде што се појавува. Вистината за индустриската зона Сачево е сосема поинаква од она што го тврди пионот Мицкоски.
Сите парцели од индустриската зона кај Сачево се продадени. Парцелите со вкупна површина од 396 илајдиквадратни метри ги купија 16 домашни и странски компании кои градат свои производствени погони. Општината веќе обезбедува патна и комунална инфраструктура, услови за градба и непречена работа на инвеститорите.

Компаниите што имаат подготвени архитектонски проекти веќе имаат и дозволи за градба. Сите активности се одвиваат во согласност со роковите, плановите и можностите на инвеститорите.
Наместо да шири лажни вести, Мицкоски може да учи што е економија и економски раст и развој. Рекордниот износ од 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие од 2018, растот на БДП во третиот квартал од годинава и падот на невработеноста на 20,8 отсто се само дел од економските показатели што ги демантираат лагите на Мицкоски и докажуваат дека економијата се движи во добар правец. Очигледно е дека Мицкоски, ниту на граѓаните на Струмица ниту на граѓаните на Македонија, не може да им понуди ништо, освен измислици, лажни вести и одбрана на криминалот на својот ментор Груевски“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: