17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина одредени претседатели на политички партии да не бидат присутни во Собранието. Сите што тој ден не беа присутни, најверојатно, знаеле и, најверојатно, биле организатори на настанот. Не зборувам само за едно име и презиме, туку за неколку претседатели кои не беа присутни тој ден“, рече пратеникот Зијадин Села на денешното сведочење за крвавиот четврток.

„Јас чекам одговори од оваа судска постапка за настаните од 27 април. Можеби и повеќе од обвинетите тука. Судската постапка ќе даде одговор на прашањето дали некој знаел или претпоставил што ќе се случи на 27 април“, рече Села.

На седницата на 27 април, на која Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, не беа присутни претседателите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.