14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин бил агент на КГБ, пронајденa неговата идентификациска картичка од осумдесеттите години

Актуелниот руски претседател, Владимир Путин, кон крајот на осумдесеттите години, пред падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, поседувал идентификациска картичка од источногерманската тајна полиција, која беше пронајдена во архивите на Штази, во вторникот објави официјално лице од архивата.

Личната карта, која важела од 1985 до 1989 година, му овозможувала на Путин да поминува преку контролните точки на тајната полиција на ГДР, рече шефот на архивите на Штази во Дрезден, Конрад Фелбер.

Путин бил агент на КГБ во Источна Германија во текот на осумдесеттите години, а подоцна, во доцните 1990-ти бил шеф на руската служба ФСБ, наследничка на КГБ, за да стане руски претседател во 2000 година.

Идентификацискиот документ на Путин, кој лежеше незабележано повеќе години во архивите, „не значи автоматски дека Путин работел за Штази”, рече Фелбер.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека е можно дека рускиот претседател имал ИД на Штази. „КГБ и Штази беа партнерски служби, затоа не е исклучена можноста од овој вид размена на акредитација”, рече Песков.

Спонзорирано: