11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почна постапката за формирање агенција за квалитетот во високото образование

На редовната 107. седница Владата ја усвои информацијата за почнување на постапката за формирање агенција за квалитетот во високото образование. Најдоцна до 20 февруари 2019 година, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети, Комисијата за именување на Владата треба да именува по 6 члена во одборот за акредитација и во одборот за евалуација на високото образование.

По исто толку членови во двата одбора до 20 овој месец треба да именува и интеруниверзитетската конференција. Понатаму, Владата ѝ укажува на интеруниверзитетската конференција да избере по еден член од редот на студентите во одборот за акредитација и во одборот за евалуација на високото образование. По еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавците на Македонија.