Полициската станица Делчево поднесе кривична пријава против Б.Ј. (24) од Делчево за сторено кривично дело разбојништво.
„На 26 ноември во 5.45 часот во Делчево, на паркинг-просторот на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво над 25-годишен такси-возач од Делчево, при што му одзел 5.000 денари“, соопшти МВР.