8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адеми и Таравари разговараа за унапредување на образовниот систем со ангажман на општините

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, оствари средба со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Како што информираат од Министерството за образование, на состанокот се разговарало за генералните владини политики за унапредување на квалитетот на образовниот систем и очекувањата за придонес од локалните самоуправи вклучувајќи ја и Општина Гостивар.

Адеми информирал и за активностите што Министерството ќе ги спроведе во идниот период, со цел унапредување на воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта.

Таравари се осврнал на приоритетните инвестиции кои се неопходни и се планираат во училиштата, со цел подобрување на условите за настава.

Исто така, во средбата помеѓу министерот за образование и градоначалникот на општина Гостивар се дискутирало и за важноста на стручното средно образование и добрите понуди со кои располагаат општинските училишта во Гостивар, како и за изнаоѓање можност тие да се унапредуваат според барањата и потребите на пазарот на трудот.

Спонзорирано: