20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кумановци изнудиле пари за да не објават фотографии на „Фејсбук“

Секторот за внатрешни рабооти Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од кумановското село Отља и уште еден 16-годишен малолетник од село Слупчане, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена во врска со кривично дело соучесништво.

„Во периодот од јули до септември 2018 година пријавените преку комуникација на социјална мрежа со закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина оштетената ја принудиле да им даде поголема сума парични средства, со што стекнале противправна имотна корист од 360.000 денари“, соопшти МВР.