22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Костадинов: Признанијата на обвинетите докажуваат дека настаните од 27 април не биле воопшто случајни

На 27 април од сведочењата на дел од обвинетите гледаме дека имало осмислен план за убиство на политичари, линч на новинари, пратеници, загрозување на општата безбедност и уривање на државниот поредок, признанијата на лица што биле дел од овој план, докажуваат дека настаните од 27 април не биле воопшто случајни, изјави на денешната прес-конференција пратеникот и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Сведочењата на некои од обвинетите за настаните од 27 април го откриваат монструозниот план што требало да се спроведе на брутален и крвав начин за да се спречи промената на власта откако граѓаните го поразија режимот.

Неколку лица, директни учесници во таквиот план, вчера во транспарентната судска постапка, рекоа дека нарачател, организатор и помагач во овој монструозен план биле структури под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски сместени во највисоката безбедносна агенција – УБК како и кабинетот на Ѓорге Иванов“, изјави Костадинов.

Исказите се за планирања напад со „молотови коктели“ и упад во седиштето на ДИК, за палење автомобили и имоти на тогашни пратеници од опозицијата, следење новинари и јавни обвинители, делење оружје на насилници, структурите на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не бирале средства за да го задржат нивното криминално и антинародно владеење, изјави Костадинов.

„За сето тоа време пионот Христијан Мицкоски е десна рака на Груевски, а на 27 април стоеше пред вратите на Собранието. Ете зошто пионот Христијан Мицкоски бара целосна амнестија за сите инволвирани во настаните од 27 април. Јасно е, Мицкоски по секоја цена се обидува да ги спаси од одговорност своите соработници и соработниците на Никола Груевски. Затоа, Мицкоски организира протести за одбрана на криминалот и насилството на Никола Груевски. Тоа е неговиот вистински мотив“, изјави Костадинов.

Спонзорирано: