20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена во САД седнала врз своето момче и го убила

Жена од Пенсилванија во САД беше обвинета за убиство на својот партнер со тоа што седнала врз него и го смачкала.

Венди Томас првин со нож и со ногалка од столот го нападнала своето момче Кин Батлер, а потоа седнала врз него и му го смачкала градниот кош, пишува локалниот портал Go Erie.

Убиството се случило на 18 март во нивниот стан.

Томас е тешка 130 килограми, а Батлер само 54 килограми.

Според изјавата на полицијата, 44-годишната Томас била пијана за време на убиството. Пред да седне на Батлер и да го смачка, таа го пробола со нож во раката и го удирала со ногалката од столот.

Самата ја повикала полицијата и признала дека го убила.

Судењето почнува на 10 декември, а Томас може да добие до 36 години затвор.

Спонзорирано: