16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: СДСМ турка проект за партизација на администрацијата

Животот во Република Македонија секојдневно се зацрнува контролирано со т.н. мрежа од црни тефтери на СДСМ. СДСМ турка проект за партизација на администрацијата на локално и на централно ниво строго според црните тефтери од локалните партиски клубови, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска ќе објавиме дел од оние за кои животот од тефтери пристигна во Куманово.

1. Некогаш главната стечајка и демонстрант, Лилјана Георгиевска, говорник и лик од спотовите на СДСМ, од неодамна, 5 октомври оваа година, е вработена во Агенцијата за вработување на Република Македонија. Нејзината ќерка, веројатно поради активностите на мајката стечајка, е удомена во детска градинка во Куманово.

2. Првиот човек од доверба на Оливер Спасовски, секретарот на кумановската партиска организација, Оливер Илиевски, од 28.12.2017 е раководител во „Водостопанството“, а неговата сопруга од 8.10.2018 е вработена во МВР во стопански криминал. Вработување во Општата болница во Куманово неодамна е најдено и за нејзината сестра.

3. И десната рака на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Даниел Стојчевски, на 6.6.2018 се вработил како директор на ЈП „Чистота и зеленило“, чија сопруга годинава на 1.5.2018 е вработена во градска библиотека во Куманово.

4. Претседателот на кумановската младинска СДСМ, Мартин Захариев, од 26.11.2018 е вработен во Центарот за социјални работи; а неговата мајка Снежана, поранешен социјалдемократски лидер во градот, сега е директор во кумановската болница.

Во насока на транспарентноста, додаде тој, за да докажат дека не е празна флоскула, Костадин Костадинов како пратеник и партиски функционер на СДСМ треба да инсистира и самиот да објави колкумина и со какви квалификации биле пријавени на конкурсот на кој е вработена неговата мајка во администрацијата во Струмица, а истовремено нека побара тоа да биде објавено и за сестрата на сопартиецот Александар Кирацовски, вработена во администрацијата во Битола. Но, вели тој, транспарентноста нека не застанува тука, туку да побара јавно да бидат извадени резултатите на конкурсите за сите 24 нови вработувања во М-НАВ.