3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На Сицилија уапсени 50-ина мафијаши, меѓу кои и кумот на Коза ностра

Италијанската полиција во Палермо уапси најмалку 46 лица, кои се осомничени дека се во врска со озлогласената мафијашка организација Коза ностра.

Зад решетки се најде и 80-годишниот кум, Сетимино Минео, еден од водачите на оваа оваа мафијашка организација.
Минео неодамна беше назначен за генерален шеф на островската мафија, позната како Коза ностра.

Претходниот шеф над шефовите, Салваторе (Тото) Рина, почина минатата година во затворот каде што помина речиси четврт век бидејќи нареди да се извршат десетици убиства, вклучувајќи ги убиствата на најпознатите италијански антимафијашки судии.

„Апсењата… се еден од најголемите удари што полицијата ѝ ги зададе на мафијата. Минео беше избран за наследник на Тото Рина по неговата смрт. Веќе нема место за ваков џган во Италија“, напиша на „Инстаграм“ потпретседателот на италијанската влада, Луиџи ди Мајо.

Спонзорирано: