12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните се задушуваат во загаден воздух, Владата спие

Додека граѓаните на Република Македонија се задушуваат во загаден воздух, Владата на СДСМ спие. Кога треба да се преземат краткорочни и долгорочни мерки за спречување на загадениот воздух, Владата на СДСМ си игра игри за разонода, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, доколку навистина Владата на СДСМ сака да го спречи загадувањето, наместо да прави дискриминаторски мерки, ние предлагаме Владата да се обезбеди субвенции во износ од 50 отсто за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во другите средини.

„И наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена електрична енергија. Граѓаните, наместо манипулации, очекуваат реална работа. Владата на СДСМ е толку неспособна што не може да го реши дури и проблемот со загадувањето“, се вели во реакцијата.

Спонзорирано: