11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат за улогата во нелегалното прислушување

Пионот на Никола Груевски, антизападниот Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана, регираат од владејчакта СДСМ.

„Мицкоски треба да одговори и за неговата улога во власта во 2016 година кога бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ но и претходно, кога му бил лева рака на Груевски како Советник во неговиот кабинет.

Скандалот со прислушување на Јавното обвинителство уште еднаш покажува на каков начин функционирал режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со години нелегално прислушуваше десетици илјади граѓани, а во 2013 година опрема за прислушување била поставена и во просториите на Јавното Обвинителство“, велат од партијата.

Токму во тоа време како што посочуваат од СДСМ, во време кога кулминира најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, Христијан Мицкоски бил советник и десна рака на Никола Груевски, и оттаму, оправдани се прашањата на јавноста која била улогата на Мицкоски во скандалозното и незаконско прислушување.

„Истрагата започната од надлежните институции ќе открие кој ја купил, поставил и користел опремата за прислушување, поставена уште во 2013 година.

Штетите направени од криминалното ВМРО-ДПМНЕ оставија тешки последици кои не можат да се отстранат преку ноќ, но инситуциите започнаа со остранување на остатоците од криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски“, стои во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: